Категории

Вистински тренд за ова лето: Рачно цртан маникир со летни мотиви! (ФОТО)

Најважната декорација на секоја жена се наоѓа токму на рацете, а тоа се секако ноктите. Тие секогаш говорат за фактот колку некоја жена или девојка се грижи за себе, а покрај тоа што може да се види каков стил сака и негува, може да се заклучи многу и за нејзината личност и карактер.

Трајните гелови и маникири се најважниот тренд кој се создаде за нега на ноктите на жените, па поради нив не мора подолг период да се грижите за состојбата на вашите нокти, бидејќи знаете дека секогаш имате совршено средени нокти.

Кога доаѓа летото, време е за нежни, но истовремено весели нокти во силни бои. Заедно со нив доаѓаат и додатоците во форма на цртежи со летни мотиви кои даваат особен печат на убавината на маникирот. Доколку сте неодлучни или пак немате идеја како да изгледаат вашите нокти, ви нудиме инспирација преточена во уметност која можат да ја создадат само талентираните професионални козметичари во студиото за убавина La Sensa.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


Многу се интересни оние маникири кои имаат шара во форма на некое овошје, а дефинитивно најубави се оние кои се во форма на лубеница, а покрај тоа претставуваат совршен потсетник на летото кое доаѓа. Тимот на La Sensa знае како да ги претвори во вистинска уметност.


За оние кои сакаат потемни и силни нијанси одличен избор е сината „мастило“ боја за подигнување на динамиката и ставање акцент на ноктите, а исто така одлично одговара со лелеавите летни модни комбинации. Студиото за убавина La Sensa ќе се погрижи да го добиете совршениот маникир токму онака како што сте го замислиле.

Нежните цветни дезени секогаш се вистински избор за секоја дама која ужива во светлите тонови украсени дискретно со прецизно изработен цртеж во студиото La Sensa.

Почувствувајте ја енергијата на летото, освежете го вашиот изглед и бидете негувана и самоуверена дама. Направете го својот омилен маникир во студио La Sensa и подгответе се за секоја пригода која ве очекува ова лето!