Категории

Во мода е да бидете свои!

Секоја годишна доба има поинакви бои, вкусови и мириси. Есента е кафеава и мириса на костени, летото е сино и им вкус на сладолед, зимата е сива и мириса на варено вино. Пролетта е секогаш шарена и има вкус на љубов.

Во пролет не може да не се забележат веселите излози и да не се восхитувате на преубавите цветни фустани, марами, сандали. Се носи се, целиот можен спектар на бои. Но не секој ќе се пронајде во сето тоа, некои не сакаат да експериментираат, некои едноставно се чувствуваат лошо кога ги следат трендовите.

Но постојат некои нешта кои се мода а не можете да ги облечете. Тоа се убавите нешта кои не се гледаат, а сепак сите ги забележуваат на вас. Тоа се насмевката и задоволството кое го имате кога сте облечени во она кое ви стои и во кое се чувствувате добро. Ќе признаете, многу е поубаво кога некој ќе ви каже дека блескате и дека сте убави вие а не вашиот нов фустан.

Модата е прашање на избор, лична перцепција и креативност која ја поседува секој од нас. Бидете она што сакате и ќе бидете најоригинални. Бидете среќни и ќе бидете најубави. Бидете паметни и ќе бидете забележани. Бидете скромни и ќе бидете задоволни. А за да бидете во мода, единствено нешто што треба да го направите е да бидете свои.

Прегледи:
523
Објавено на:
04.06.2020