Категории

Во животот прво треба да научиш да губиш, за да научиш да добиваш!

Треба да изгубиш многу неважни нешта за да стигнеш до оние кои вистински вредат

А човек често толку цврсто се држи за сето она кое е лошо пропуштајќи ја шансата да го добие она кое е вистински добро и го заслужува. Се плаши дека можеби нема да пронајде ништо друго, па цврсто го држи во рацете и колку да го повредува.
Но отпуштањето на лошите нешта, средби, луѓе, односи, е единствената цена која треба да се плати за да се стигне до она кое вреди и кое може да направи значајна промена во нашиот живот. Она после кое ништо повеќе нема да биде исто.

Понекогаш потребно е да поминеме низ неколку искуства од кои не добиваме ништо, искуства кои ќе не испразнат и ќе не направат несреќни, и кога ќе дојде вистинскиот миг треба да знаеме да ги пуштиме и да се ослободиме од нив затоа што крајот на патот не е тука, вистинските нешта допрва пристигнуваат, а овие ни биле зададени само со цел да умееме да ги препознаеме оние кои ни припаѓаат.

Прво треба да научиме да се носиме со загубата и од неа да го извлечеме најдоброто, за вистински да можеме да го почувствуваме вкусот на победата и да знаеме да го цениме она кое ќе го освоиме. Ништо во животот кое е вредно, не доаѓа така лесно во нашите раце, пбез претходно да се соочиме со нешта кои ни го кршат срцето.

Прегледи:
524
Објавено на:
02.05.2020