Во деновите кога твоите мисли се потешки од твоето тело, кога твојот ум ги парализира твоите нозе, а отчукувањата на твоето срце успоруваат, во тие денови запамти го ова..
Сети се дека без оглед на се, постои причина поради која живееш на овој свет. Ти си сеуште со причина тука. Твојата приказна сеуште се пиши и немаш право да кренеш раце од себеси и од своите желби. Мораш да станеш и да ја завршиш твојата приказна, мораш да ја пронајдеш твојата мотивација, да покажеш дека во овој свет постои место кое е празно и чека само на тебе.
Сети се дека некој се насмевна токму сега кога се присети на тебе, ти се светлото на нечј ден, поради тебе некој се радува на нешто и се бори. Нечиј свет е поубав само затоа што си ти дел од него.
Сети се дека некој верува во тебе, дека некој мисли дека си способна да ги оствариш сопствените соништа. Некој сеуште навива за тебе и верува во твојот талент и твојата креативност, во твојот ум и твоето прекрасно срце. Некој го гледа во тебе тоа што ти не успеваш да го видиш.
Можеби денес немаш сила да станеш од креветот, но утре се може да се промени. Сети се. Веќе утре ќе можев повторно да го пронајдеш своето светло, некој може да ти каже колку му требаш. Можеби веќе утре ќе ја запознаеш личноста која ќе ти го промени животот засекогаш. Сети се дека утре ќе ти донесе нова прилика, новиот ден ќе ти донесе заборав на стариот и неубавиот. Веќе утре твојот терет ќе биде полесен и нема да мораш да го носиш сама. Утре ќе сфатиш дека си тука со причина, ќе научиш како да живееш и ќе сфатиш дека животот не само еден лош ден.