На свет сте дошле без облека. Не сте донеле ништо, а така и ќе заминете од овој свет. Нема смисла со себе да носите непотребни нешта.
Ако сакате да патувате, знаете дека тој пат е многу попријатен ако не пакувате премногу нешта. Полесно е да одите од едно место на друго, и имате помалку грижи кога имате помалку терет и багаж.
Животот е патување. Додека патувате во животот, сфатете дека е најдобро да патуваме без премногу терет. Распакувајте го багажот, носете што помалце за повеќе да уживате во патот.
Оставете ги грижите на страна. Оставете го своето минато во минатото. Не можете да го промените така да не е важно колку се трудите или колку се држите за него. Минатото е завршено. Нема смисла да се надевате дека можете да промените нешто.
Ако не го пуштите, само се казнувате себеси. не давајте си да примите повеќе затоа што рацете ви се преполни со минато. Нема место за нови благослови се додека не се ослободите од она што ве притиснува и влечи назад.
Немојте со себе да носите критики. Не дозволувајте едне лош коментар да ве спречи да продолжите понатаму и да се обидете повторно. Немојте да си дозволите мислењето на една личност да го промени начинот на кој се гледате. Мислењата на другите луѓе се одраз на нивниот карактер – тие на тој начин се дефинираат себеси, а не вас.
Вие сте овде со цел и никој не може да ве запре да бидете најдобрата верзија на себе освен вие самите. Понекогаш е тешко да ги следите своите соништа особено ако луѓето околлу вас не се тука да ве охрабратм туку да ве влечат надолу.
Оставете ги своите неуспеси настрана. Она што било, поминало. Ако сте научиле нешто од искуствата, тоа значи дека сте побогати.
Имате искуство, сте добиле мудрост и сега сте по внимателни. Со себе секогаш носете ги лекциите кои сте ги научиле од грешките, но никогша немојте да ги носите грешките. Вие не сте вашите грешки.
На свет сте дошле без облека. Не сте донеле ништо, а така и ќе заминете од овој свет. Нема смисла со себе да носите непотребни нешта.
Од вас ќе остане само наследство; нема да понесете ништо освен спомени. Оставете ги грешките и минатото, а со себе понесете ги само добрите нешта и искуствата. Отстранете го сето она кое ве сопнува и уживајте во патувањето на животот.
Среќен пат!