Категории

Белата боја е моден погодок за топлите денови

Иако акцентот е на впечатливите бои, за сезоната пролет/лето 2019 година белата боја е апсолутен хит, во комбинација со опуштен или романтичен аутфит, совршен за топлите денови.

По зимата и темните нијанси, впечатливите бои совршено ни одговараат, но од време на време сакаме и мирни и софистицирани модни комбинации, а доминацијата на белата боја ни дава истовремено и лежерен и класичен изглед.
Белата боја во исто време ја истакнува и минималистичката едноставност, но е и најдобар избор за елегантен, класичен или луксузен вечерен аутфит.

Прегледи:
569
Објавено на:
12.05.2019