Категории

Животот ни го дава она што ни е вистински потребно, а не она што го бараме

Овој прекрасен текст крие длабока поука за животните вредности, и што е навистина важно да се поседува во животот за да се биде вистински – СРЕЌЕН!

Кај секој човек постојат мигови кога му се чини дека нема сила. И тогаш почнува да ги повикува вишите сили на помош. Тоа му дава надеж и духовна цврстина за да го продолжи својот животен пат. Многу е лесно да се изгубиш во многу нешта, но молитвата му помага на разумот се да доведе во ред. Овој прекрасен текс ќе ве научи на многу важна лекција, дека во животот го добиваме она што ни е потребно а не она што го бараме.

„Го замолив Бог да ги казни моите непријатели – и Бог ми одговори:
„Не. Нему му е судено да ти стане најдобар пријател“

Го замолив Бог да ми даде трпение – и Бог ми одговори:
„Нне. Трпението е резултат на тестот. Тоа не се дарува, тоа се учи.“

Го замолив Бог да ја одземе мојата гордост – и Бог ми одговори:
„Не. Гордоста не се одзема, од неа се ослободува.“

Го замолив Бог да ми даде среќа – и Бог ми одговори:
„Не. Јас давам Благослов. А дали ќе бидеш среќен – зависи од тебе.“

Го замолив Бог да ме поштеди од болка мене и моите најблиски. И Бог Ми одговори:
„Не. Патиме и ја победуваме болката заедно.“

Го замолив Бог за духовно издигнување – и Бог ми одговори:
„Не. Мораш духовно да пораснеш сам. А јас секогаш ќе ти помагам во тоа.“

Го замолив Бог да ми помогне да ги сакам другите, исто како што тие ме сакаат мене – и Бог ми одговори:
„Со задоволство! Конечно сфати за што треба да се молиш.“

Барав сила – и Бог ми испрати искушение за да ме зацврсти.
Барав мудрост – и Бог ми даде проблеми, над кои морам да размислувам длабоко.
Барав храброст – и Бог ми испрати опасност.
Барав љубов – и Бог ми ги испрати оние на кои им е потребна мојата помош.
Барав богатство – и Бог ми даде можности.

Не добив ништо за што се молев.

Добив се што ми беше потребно.“