Категории

Верувај му на Бог.. И никогаш нема да ти биде страв

Кога ви е тешко и не знаете како понатаму, нека ве охрабрат овие зборови – Верувајте дека се е во ред, затоа што се е во Негови раце..

Бог ви го одзема само она кое уште повеќе би ви го скршило срцето.

Ако му веруваш на Бог, никогаш нема да се плашиш затоа што знаеш дека неговата светлина води и во најмрачните ноќи. Знаеш дека неговата мудрост помага и кога си изгубена. Знаеш дека неговиот пат можеби не е наједноставниот, но е најдобриот. Тоа е единствениот пат кој може да те заштити од она кое би можело да те кочи и единствениот пат кој ќе те заштити од она кое може да ти наштети.

Ако му веруваш на Бог, ќе сфатиш дека не можеш да изгубил никого и ништо. Бог со причина ти одземал нешто или некоја личност. Тој знае кога нештото ја исполнило својата цел. Гласниците кои ти ги испратил, ти го пренеле потребното знаење. Товите грешки те прават силна личност. Билката низ која поминуваш те приближила до Него. Никогаш не губиш затоа што Бог ти го одзема само она кое може да ти наштети. Ти го одзема само она кое би можело уште повеќе да го скрши твоето срце.

Кога станува тешко, тоа е подготовка за нешто големо.

Ако му веруваш на Бог, никогаш нема да ја изгубиш надежта. Дури и тогаш кога целиот свет ти се распаѓа. Дури и тогаш кога чувствуваш дека ништо не ти оди од рака. Дури и тогаш кога се чувствуваш напуштено. Бог е секогаш со тебе. Кога затвора толку врати одеднаш во исто време, Бог всушност создава простор за нешто многу поголемо. Ти зборува дека мораш да ја промениш насоката во која што одиш, а Тој во животот ќе ти донесе промена.

Некогаш ќе кажеш дека Бог не е праведен, но ако се завртиш кон тие мигови, ќе видиш дека всушност те подготвувал за нешто подобро. Секој пат кога животот ти станувал уште потежок, Тој те подготвува за нешто што подоцна го направило полесен.

Ако му веруваш на Бог, никогаш нема да се сомневаш во неговите избори. Секогаш ќе имаш верба, дури и тогаш кога нема да го разбираш. Ќе веруваш во неговоот време, дури и ако поминале многу години, а ти не можеш да чекаш. Во срцето секогаш ќе знаеш дека не си спремна за она што го бараш.

Добиваме тогаш кога знаеме да го цениме и сакаме тоа

Ќе сфатиш дека универзумот работи за твоја корист, а не против тебе кога не ти го дава она што го посакуваш. Ти го дава она кое ти е потребно во тој миг кога ќе можеш да го цениш и сакаш. Во мигот кога нема да го земаш „здраво за готово“. Во мигот кога ќе бидеш ослободена од своето болно минато и кога ќе се молиш за вистински причини.

Ако му веруваш на Бог, ќе бидеш среќна. Среќата веќе нема да ти биде недостижна. Нема да биде нешто по кое треба да трчат. Нема да биде нешто за кое мораш да се бориш. Едноставно ќе бидеш задоволно и среќна со неговите планови. Ќе бидеш среќна што не мораш да се грижиш за ништо затоа што ќе веруваш во неговата сила и милост.

Ќе бидеш среќна кога ќе престанеш толку да се врзуваш за животот и ќе почнеш повеќе да се врзуваш за Бог, затоа што кога Тој е на твоја страна, нема повеќе причини за страв. Нема причини за грижа. Никогаш нема да бидеш сама. Никогаш нема да бидеш тажна.

Прегледи:
816
Објавено на:
05.01.2020