Колку пати во животот сте рекле „не е важно“ а било многу повеќе од важно, и колку пати сте кажале „сеедно ми е“ а не ви било сеедно, мислејќи дека после тоа ништо нема да се случи.
Колку пати сте ја рекле таа лага мислејќи дека можете да продолжите да живеете како ништо да не се случило, но всушност се случиле многу нешта. Сте добиле уште една рана, сте ја потиснале болката длабоко во себе наместо да ја искажете и да се одлободите од тоа страдање.
Зошто е тешко да се каже „важно е“ и „не е сеедно“. Зошто сме толку злобни кон сопствените чувства како да е толку едноставно да им дозволиме другите да не повредат и да се извлечат без никакви последици. Зошто се однесуваме како да не ни е грижа и потоа се прашуваме зошто животот е толку безмилосен. Бараме виновник околу себе, вината ја префрламе не секој друг, а проблемот всушност се крие во нас, во немањето храброст барем еднаш да застанеме во одбрана на нашето срце.
Постојат нешта во животот кои не смеат да бидат заобиколени. Не смеат да бидат потиснати туку така, или да се сфатат како нешто кое ќе се реши за неколку дена. Нешта кои воопшто не изгледаат толку едноставни, кои ни ставаат окови и ни ја распаруваат душата а ние едноставно ги сокриваме „под тепих“.
Животот нема одеднаш преку ноќ да стане добар и нити тие потиснати нешта нема да исчезнат сами од себе ако едноставно се правиме дека не ги гледаме.Порано или подоцна ќе станат толку големи што веќе ќе бидат претешки за носење.
Тоа „не е важно“ може да кошта многу повеќе од стегнати заби и задржани солзи. Тоа „сеедно ми е“ може да кошта живот.
Изговорете, извикајте, само не молчете. Не е сеедно, важно е, и тоа многу!