Категории

Стресот е наш сопствен избор, а не околност која на сите нам ни се случува.

Виктор Франкл, австријскиот невролог и психијатар за своето искуство во концентрациониот логор рекол: „Од човекот може да се одземе се, освен последното од човековата слобода – правото на избор на сопствениот став во било какви дадени околности, правото на избор на сопствениот пат.“

Виктор Франкл, австријскиот невролог и психијатар за своето искуство во концентрациониот логор рекол: „Од човекот може да се одземе се, освен последното од човековата слобода – правото на избор на сопствениот став во било какви дадени околности, правото на избор на сопствениот пат.“ Способноста на изборот на стојалиштето на човек завземена во одредени околности е нешто неверојатно моќно, а сепак понекогаш е толку занемарена.

Стресот е наш сопствен избор, а не околност која на сите нам ни се случува. За многу нешта во нашиот живот дозволуваме да бидат предмет на нашето незадоволство со што ни ја одземаат сета наша енергија и внимание и така остануваме како просјаци пред вратата на сопствениот живот не знаејќи што треа да направиме. А наша е одлуката каков став ќе завземеме спрема сето тоа и никој не може да ни го одземе тоа право, нити да не присили да имаме некој друг став.

Моќта да го избереме позитивниот став значи да ја поседуваме најголемата моќ во нашите раце, тоа значи да се будиме со чувство на благодарност затоа што поседувањето на тоа право е подарок. Моќта да избереме позитивен став во тешките мигови значи работење на сопствената зрелост и сфаќање дека таа не се случува сама од себе.

Какви и да бидат околностите, секогаш можете да застанете над нив. Тоа значи да одлучите да гледате на нив како на предизвици и нешто од кое ќе научите важна лекција. Немојте од животот да создавате стрес, секогаш имате можност да го изберете вашиот став кој ќе ви помогне полесно да ги пребродите и најштеките мигови.

Прегледи:
539
Објавено на:
02.05.2020