Ти му припаѓаш на Бог, затоа што само тој знае што треба да направи со тебе.
На кого му припаѓаш? Опасно е кога твоето срце не ти припаѓа тебе, но прекрасно е кога тоа не припаѓа само на тебе, туку е подарено и на другите, ти се гледаш себеси преку љубовта на другите. Ти си одговорен и за нив и за себе.
Ти припаѓаш на овој свет, на воздухот, почвата, цвеќињата, ти си дел од него и тој е дел од тебе. Ти му припаѓаш на Бог, затоа што само тој знае што треба да направи со тебе. Тој најдобро ја познава твојата душа и твоите мисли, тој знае што посакуваш и што заслужуваш.
После Него, твојот живот е само твој и на тебе останува да ги донесеш правилните одлуки. Никој не може нити смее да одлучува за тебе и да ги избира твоите патишта.
Биди она што си и стани она што сакаш да бидеш, она на кое ќе се восхитуваш и воодушевуваш. А тоа е да си „сличен на Бог“. Биди му нему достоен. И само тогаш ќе се радуваш, само тогаш ќе ја пронајдеш бескрајната среќа!