Категории

Чекори бавно, но сигурно во животот – Не секој кој брза е победник!

Не брзај низ животот, чекори со бавни но сигурни чекори. Чекори споро но цврсто, само на тој начин ќе можеш да ги донесуваш вистинските одлуки. Не секој кој брза стигнува побрзо до целта.

Кога ќе почнеш да чекориш побавно низ животот ќе престанеш да бараш оправдувања за неостварените соништа, ќе сфатиш што вистински сакаш и те исполнува. Тогаш ќе научиш дека поважно е да продолжиш напред па макар и задоцнил, отколку да бидеш прв и да не успееш.

Најважно е да бидеш сигурен во себеси, да знаеш дека што и да се случи ништо нема да ја уништи твојата мотивација и твојот мир. Никогаш да не се задоволуваш со нешто минимално, нешто кое не те усреќува и не ги исполнува твоите очекувања. Добро спознај го својот пат, сите препреки кои те очекуваат и што и да се случи прифати ги како такви.

Кога ќе почнеш да чекориш бавно низ животот, ќе имаш време да учиш од своите грешки, да се преиспитуваш себеси и да го откриеш својот потенцијал. Трпението е понекогаш најдоброто и најсилното оружје, не ја потценувај неговата моќ.

Чекорењето бавно но сигурно е вистинскиот начин на остварувањето, отколку брзањето, немирот, прескокнувањето. Не биди заробеник на времето, ќе стигнеш онаму каде што треба да бидеш во точно определен миг, нити минута порано или подоцна.

Прегледи:
695
Објавено на:
18.05.2020