Категории

Чувствата не се слабост – Голем е оној човек кој со гордост ги искажува

Чувствата не се слабост, тие се нашиот внатрешен глас, сила која не води низ животот и ни помага да опстанеме.

Чувствата не се слабост, тие се нашиот внатрешен глас, сила која не води низ животот и ни помага да опстанеме. Што би биле без чувствата, што би се случило ако еден ден се разбудиме и сфатиме дека сме индиферентни кон сето она кое не опкружува?
Дека нема повеќе радост, нити тага, нити љубов нити страв нити желба..  Веќе не би биле живи, би биле суштества кои веќе го изгубиле својот пат.

Колку и да се силни, колку и понекогаш да не гушат или создаваат доаѓаат во толкав наплив што едвај успеваме да се воздржиме, тие ни помагаат да дишеме. Да ги следиме нашите соништа, нашата страст која тупоти во срцето, никогаш да не застаниме се додека не бидеме на место на кое припаѓаме.

Не смееме да дозволиме да замолчат, тие треба да бидат споделени и чуени. Чувствата не се слабост, тие се сиот спектар на човечноста, на силата и цврстината. Но никогаш не смееме да им дозволиме да управуваат со нас, тие се тука за да стојат рамо до рамо со нашиот ум на патот до успехот.

Прегледи:
581
Објавено на:
21.04.2020