Категории

Есенска палета: Oва се најпопуларните бои и дезени на маникир за оваа сезона

Оваа есен ќе ги обожаваме земјените тонови, но и класичните светли нијанси. Есента е период од годината кој дозволува комплетно експериментирање со боите, но и со дезените на ноктите. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


La Sensa – Студиото за убавина, како и секогаш следејќи ги најновите светски трендови го нуди најквалитетното за вас. За оваа есенска сезона, La Sensa ви подготви нови бои од линијата #goldline на незаменливите Vetro USA.

Нежните нијанси на пудра ја нижат својата популарност од сезона во сезона, тие се ултимативен сигурен избор кој секогаш одлично прилега на секаква комбинација. Изберете ја својата идеална нијанса во однос со бојата на вашиот тен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


Есента е неизбежна без нијансите на трула вишна. Префинета, женствена и смела, оваа нијанса важи за апсолутна класика. Оваа есен исто така во тренд е и маслинестата нијанса која е елегантна, а во исто време и малку смела. Во комбинација со златна боја е вистински погодок.

Млечната боја е природна и посебна и дава свежина на ноктите, идеална е свечени прилики но и за секој ден. Оваа есен исто така во тренд се и виолетовите нијанси за оние похрабрите кои сакаат да пробаат нешто ново и гламурозно.

Доколку ви здодеаја еднобојните нокти и сакате да внесете малку свежина во нивниот изглед, професионалниот тим на La Sensa – Студиото за убавина ќе се погрижи да добиете уникатни нокти кои не може да поминат незабележано. Рачно цртани нокти со прекрасни дизајни кои ќе дадат посебна елеганција на вашите раце и нокти. Есента е одличен период од годината да направите поинаков маникир.

Негата на вашите нокти кажува многу за вас. Токму затоа, погрижете се да оставите добар впечаток, но најважно од сѐ бидете вие среќни и задоволни со своите нокти. Изберете нешто сосема поинакво, ново и со врвен квалитет, препуштете ја негата и убавината на вашите нокти на La Sensa – Студиото за убавина. Резервирајте го вашиот термин на 071 602 968 или посетете ја нивната Фејсбук или Инстаграм страница.