Категории

Иднината е во создавањето на прилики, а не во нивното чекање

Не е доволно само да тргнеш кон иднината, потребно е да донесеш одлука дека нема постојано да се враќаш на минатото. Да донесеш одлука дека ќе веруваш во добро и тогаш кога нештата ќе тргнат надолу.

Иднината нема врска со младите луѓе, таа има врска со луѓето кои едноставно одлучиле да почнат од почеток да го живеат својот живот.

Не е доволно само да тргнеш кон иднината доколку сеуште цврсто ги држиш конците на минатото. Важно е да сфатиш дека имаш две судбини, онаа која ја живееш моментално и она во која веруваш и си спремен да направиш се за да ја оствариш.

За да тргнеш во иднината треба да се ослободиш од сето она кое те влечи назад и те сопнува по патот кон неа. Важно е да знаеш дека ти го имаш сето она кое е потребно за да ја оформиш на начин на кој сакаш таа да изгледа. Моќта е во твои раце и во ничии други. Немој да чекаш некој да дојде и да ти помогне, да ти донесе нешто кое ќе го олесни твојот пат.

За иднината треба само едно нешто а тоа е храброста. Еднаш кога ќе почнеш да веруваш во себе и кога ќе се убедиш себеси да ја поседуваш, твојот нов живот започнува и твојата иднина ќе припаѓа во твоите раце да ја моделираш како што отсекогаш си сонувал.

Прегледи:
469
Објавено на:
11.04.2020