Почнете да се грижите самите за себеси и престанете да го очекувате тоа од другите. Никој друг нема да ви го даде она што ви е потребно освен вие самите.
Само малкумина ќе ви пристапат со сочувство на вашата слабост. Малкумина ќе ви дадат поддршка и ќе го почитуваат вашиот избор без да ви го наметнат сопствениот став и мислење.
Сите останати или ќе бидат среќни што сте покажале ранливост или ќе се обидат да ве наведат да изберете друг пат кој за нив делува најдобар, но не и за вас.
Малкумина ќе ве фатат за рака за да ви дадат нешто, голем дел од нив ќе го направат тоа за да ви одземат нешо. Малкумина вистински се грижат како се чувствувате, останатите се само љубобитни.
Во животот сте самите на себеси најдобриот пријател. Никој подобро не ја познава вашата душа од вие самите и не знае како е да се живее со она што го чувствувате, затоа никој подобро од вас не може да знае што е најдобро за вас и кој пат е вистинскиот пат.
Во животот е најважно да си верувате на себеси и никогаш да не потклекнете пред оној тивок глас на сомнежот.
Не морате никому да докажувате колку вредите, само бидете достојни и вредни на ликот кој го гледате во огледалото. Тогаш кога ќе сфатите дека не зависите од никого, и не ви е потребна ничија согласност нити тапкање по рамото, тогаш никој не ќе може да ги искористи вашите слабости против вас. Затоа што кога човек ќе прекине да војува со себеси – тогаш е победник во сите битки!