Категории

Кога ќе паднеш искачувајќи го највисокиот врв, знај дека Божјата рака е секогаш позади тебе

Запомни, не е важно колку пати ќе паднеш, и колку пати ќе се стркалаш назад. Важно е колку пати ќе се исправиш и ќе продолжиш напред и тогаш кога ветрот дува против твојата насока. 

Многу пати во животот ќе се соочиш со силни предизвици од кои ќе ти затреперат колената, ќе почувствуваш сомнеж во себеси и во својата цел, ќе посакаш да застанеш и да се откажеш. Многу пати ќе биде доведено во прашање твоето верување во сопствената сила, ќе помислиш дека си одбрал премногу висок врв и дека тоа е над твојата моќ. Но немој да поверуваш во зборовите кои ги шепотат твоите стравови.
Не! Ти не си избрал премногу висок врв, твоите очекувања од себеси се премногу ниски.

Запомни, не е важно колку пати ќе паднеш, и колку пати ќе се стркалаш назад. Важно е колку пати ќе се исправиш и ќе продолжиш напред и тогаш кога ветрот дува против твојата насока.
Сите тие порази еден ден ќе сведочат за твојот најголем успех, ќе ги носиш како лекции кои те направиле посилен и помудар.

Ако сакаш да оставиш трага зад себеси знај дека тоа нема да биде така лесно како да чекориш по песок. Ќе биде тешко и болно, но трагите нема никој да може да ги избрише.
Твојата нова иднина започнува тогаш кога ќе им се спротивставиш на своите сомнежи и ќе им кажеш дека веруваш во себеси и многу подобро го познаваш сопствениот потенцијал отколку нив.

Божјата рака секогаш ќе стои на патот на оние кои одлучуваат да се борат и да ја следат неговата светлина. Не заборавај, твојата иднина ја држи Божјата рака, а неа никој не може да ја победи!

Прегледи:
501
Објавено на:
15.05.2020