Категории

Модна катастрофа или ремек дело: Џенифер Лопез во фустан кој ги подели мислењата на обожавателите

Џеј Ло повторно создаде бура на социјалните мрежи со својот нов изглед кој некои го осудија а некои и аплаудираа

Популарната пеачка и актерка привлече внимание со својот нов моден избор, но овој пат не се сите воодушевени од него.
Џенифер е позната по тоа што неретко превзема модни ризици и секогаш изненадува со своите стајлинзи. На 11-тото традиционално доделување на Governors наградите, кое го организира Америчката академија на филмска уметност и наука, таа се појави во златно жолта тоалета од сатен со потписот на либанската дизајнерка Rim Akra од колекцијата пролет/лето 2020 година.

Се работи за предимензионална тоалета која визуелно ја прошири нејзината фигура а според нејзиното движење се чини дека и беше приличнос тешка за носење. Нејзините обожаватели се сложија дека тоа е уште едно ремек дело во кое се има појавено музичката ѕвезда додека некои го осудија нејзиниот моден избор за кој сметаа дека не прилега на нејзината силуета.

Прегледи:
369
Објавено на:
29.10.2019