Категории

Не постои ништо посилно на овој свет од тоа да бидеш ЖЕНА

Ти која едвај имаш време за да помислиш на сопствените солзи затоа што треба да ги бришеш детските и секогаш го дочекуваш семејството со прегратки и љубов..

Драга жено, ти која заработуваш, или која работиш дома. Ти која ги одгледуваш децата и читаш книги и блогови за воспитувањето. Ти која си под константен притисок и самодовербата полека ти се руши.
Ти која се преиспитуваш себеси и неуморно се трудиш да бидеш подобра. Ти, која секој ден стануваш се по уморна и ги носиш врз себе сите обврски. Која со години не си се одморила, ти на која и се смачил и вкусот на кафето. Ти која смислуваш, набавуваш, готвиш, штедиш, се грижиш што ќе остане за утре.

Ти која купуваш, периш, шиеш, поправаш, чистиш..
Ти која забавуваш, проценуваш, размислуваш, тешиш, прегрнуваш, смируваш, успиваш.. Која си на располагање во било која доба од денот или ноќта. Ти, која се цедиш себеси како крпа за од себе да извлечеш уште некоја капка која ќе и ја дадеш на семејството.
Ти, која си се исушила како пустина но сепак бестрашно одиш понатаму.
Ти која се носиш со се, победи и порази, навреди и омаловажувања.

Ти која едвај имаш време за да помислиш на сопствените солзи затоа што треба да ги бришеш детските и секогаш го дочекуваш семејството со прегратки и љубов.

Ти која полудуваш, викаш и удираш. Иако знаеш, се си прочитала, знаеш се.
Ти не заслужуваш ништо помалку од тоа некој да застане пред тебе и да те погледне во очи, со гордост и чест за она што си, храбра и бестрашна, неповторлива.
Со еден збор – жена. И не постои ништо посилно од тоа на овој свет. Да бидеш жена!

Прегледи:
715
Објавено на:
25.02.2020