Категории

Никој не е задолжен за исполнување на твоите желби, освен самиот ти!

Кога ќе почнам да се жалам и да кажувам колку ми е тешко, се сеќавам само на една работа во животот. Сè што некогаш немав, а сега имам. Сè што некогаш сакав да бидам, а сега сум. Кога ја гледам оваа промена, ми доаѓаат во очи сите тие реки од солзи што ги плачев, моменти на самосожалување и прашања „зошто јас“. А потоа ја удирам раката по главата и велам: Гледаш како ќе се одвиваат работите кога ќе дојде време, без оглед на тоа дали си се грижел или не? Можеше да имаш малку повеќе вера.

Животот не е играчка, треба да знаете добро да се справите со него. И сфатете дека светот не се врти околу вас. Никој не е задолжен за исполнување на вашите желби. Ни на вашите, ни на некој друг. Ништо не сте научиле ако само се жалите и чекате да ви помине времето. Станете и борете се! Не ви недостасуваат многу работи, само ви недостасува храброст да го промените она што можете да го промените и да го прифатите она што не можете. И кога повторно ќе почнете да се жалите, само погледнете што имате денес, а што некогаш не сте имале. И кажете благодарам!

-Превземено