Категории

Позитивни цитати кои ќе ве мотивираат да бидете силни и кога не сте

Прочитајте го ова секогаш кога мислите дека немате енергија и сте потиштени

Тажните мисли често можат да се провлечат молкум, понекогаш се залепуваат како смола и ни се чини дека сме два пати потешки, безволни и меланхолични.
Светот понекогаш ни се чини како студено, непријателско место кое нема разбирање за нас, но сето тоа е далеку од вистината. Во таква состојба губиме осет за позитивната страна на животот и фактите кои го прават убав и богат.
Секоја од овие реченици малку по малку може да ги откине парчињата од вашето лошо расположение се додека не се почувствувате повторно ослободени и среќни..

-Секогаш некому ќе бидете центарот на светот

  • Вашата насмевка може да го усреќи некој на кој баш и не му се допаѓате.
  • Секоја ноќ некој размислува за вас пред да заспие.
  • Ако ви се чини дека некој ве мрази, тоа е поради тоа што сака да биде како вас.
  • Секој има барем две личности на светот за кои е спремен да го даде својот живот.
  • Во просек, најмалку десет луѓе ве фалат.
  • Животот е премногу краток за секое утро да се будите со грижа на совест.
  • Сакајте ги личностите кои се добри спрема вас, заборавете на оние кои не се и запомнете дека се се случува со причина.
  • Дури и кога ќе ја направите најголемата грешка во животот, од неа ќе настане нешто добро.
  • Кога имате чувство дека целиот свет е против вас, обидете се да го гледате од друга перспектива и ќе сфатите дека не е така.
  • Запомнете дека кога животот ќе ви понуди втора шанса, таа секогаш испаѓа добро.
  • Кога ќе добиете нова прилика, зграбете ја, а ако поради тоа ќе ви се промени целиот живот, дозволете му на тоа да се случи.
  • Никој не рекол дека животот е лесен, но верувајте дека секоја секунда е вредна.
Прегледи:
1976
Објавено на:
21.11.2019