Категории

Престани да се споредуваш со другите – Ти си ти, и тоа е твојата супермоќ!

Само кога ќе престанеш да се споредуваш себеси со другите, ќе станеш вистински несопирлив, и никој и ништо нема да може да ти застане на патотот кон остварувањето на сето она кое го посакуваш!

Тогаш кога ќе престанеш да се споредуваш со другите, тоа ќе биде сосема нов ден. Тој ден сметај го за ден на твоето ново раѓање, затоа што тоа и е. Ќе излезеш од толпата и ќе тргнеш во нова насока, сфаќајќи колку е прекрасно чувството што си единствена личност каква што никогаш повторно нема да има на земјата.

Ќе сфатиш дека си создаден за да ги оствариш твоите соништа, да откриеш љубов и среќа. Тогаш ќе сфатиш дека никој не може да те повреди и не може да искористи ништо против тебе, затоа што веќе си се прифатил онаков каков што си и тоа е твојата најголема сила.

Кога ќе престанеш да се споредуваш со другите ќе сфатиш дека си роден со потенцијал кој може да направи промени кои би направиле пресврт од корен. Се што треба да направиш е да го пронајдеш богатството сокриено длабоко во тебе и да го искористиш максимално.
Тогаш веќе никогаш нема да посакаш да те прифатат, затоа што ќе бидеш свесен за својата личност и она што те претставува. Тогаш ќе бидеш среќен со себеси и ничии зборови нема да можат да допрат до тебе.

Само кога ќе престанеш да се споредуваш себеси со другите, ќе станеш вистински несопирлив, и никој и ништо нема да може да ти застане на патотот кон остварувањето на сето она кое го посакуваш!