Категории

Рецепт за смути кое ќе ги освежи вашето тело и кожа

Направете смути кое ќе ги освежи вашето тело и кожа во овие топли денови.

Велат дека храната која ја јадете може да се види на вашата кожа. Одредени нутриенти, од кои многу се наоѓаат во овошјето, можат да имаат позитивен ефект на вашата кожа. Одличен начин да го израдувате своето тело е да направите хранливо смути.

Нутриенти се супстанци кои се користат во метаболизмот, а се внесуваат од околината. Тие се користат за формирање и регенерирање на ткивата, регулација на телесните процеси, како и извор на енергија. Органските нутриенти ги вклучуваат јаглените хидрати, мастите, протеините и витамините.

Потребни состојки за подготовка на смути:

  • Боровници
  • Папаја
  • Јагоди
  • Круши

Бровниците се одлични за кожата бидејќи ја стимулираат обновата на клетките на кожата, па со нивна помош ќе имате мека и нежна кожа.
Папајата има посебно голема количина на витамин Ц, бета-каротен, калиум и магнезиум. Витамин Ц е неопходен за да се произведува колаген кој ја одржува нашата кожа затегната.
Јагодите имаат многу витамин Ц, а богати се и со други антиоксиданси кои помагаат да се уништат слободните радикали во кожата кои можат да ја оштетат и да го забрзаат процесот на создавање на брчки.
Крушите содржат голема количина на влакна, повеќе од многу други овошја. Влакната му помагаат на телото да се ослободи од токсините кои може да доведат до оштетување на кожата и да предизвикаат акни, митесери и слични проблеми.

Начин на подготовка на смутито:
За да го направите смутито земете еднакви количини од секое овошје и ставете ги во блендер. Користењето на смрзнато овошје ќе доведе до тоа текстурата на смутито да биде погуста. Можете да користите смрзнати боровници и јагоди доколку сакате.
Додадете 1/2 чаша течност по желба. Можете да користите кравјо млеко, кокосово млеко, млеко од бадеми или едноставно обична вода.

Ова смути е вкусно, здраво, нискокалорично, содржи многу влакна и е одлично за вашата кожа, но и за освежување во топлите денови.

Прегледи:
584
Објавено на:
12.07.2019