Категории

Твојата марка е твојата човечност и она кое го носиш во себе

Твоја марка е твоето однесување, она кое ќе направи да оставиш трага на овој свет, да го направиш светот подобар. 

Твоја марка е она во кое веруваш, она за кое си подготвен да ризикуваш се. Тоа не е некој бренд, нити нешто кое го носиш на себе. Твоја марка е твоето однесување, она кое ќе направи да оставиш трага на овој свет, да го направиш светот подобар.

Твојата марка е твојата страст и љубов спрема нештата кои ти значат. Верувањето во себе и во своите желби, начинот на кој стоиш позади секоја твоја одлука и секој чекор кој го правиш. Како го гледаш светот и на кој начин го живееш животот.

Твоја марка е начинот на кој се справуваш со злобата, како им одговараш на оние кои се обидуваат да те смалат и да те повредат. Твоја марка е твоето срце и душа, со што ги храниш и збогатуваш, тие зборуваат за тебе и те претставуваат пред светот.

Никогаш не заборавај, тие се оние кои те прават личноста која што си, потруди се да бидат оригинални и доследни на тебе, за никој и ништо да не може да ги уништи со својата лажна копија.