Категории

Вљубете се во животот и тој ќе ви возврати со иста мера

Побрзајте да живеете, времето на овој свет на сите ни е ограничено. Искористете го најдобро што можете!

Вие не сте се родиле за целиот живот да го поминете плашејќи се. Постојано да бегате и да се сокривате од нештата кои ви изгледаат чудно, несигурно, ве предизвикуваат и ви делуваат заканувачки. Како ќе почнете да живеете ако постојано се плашите од животот?
Како еден ден ќе кажете дека сте биле дел од овој свет ако постојано се повлекувате пред секој негов предизвик.

Како ќе откриете што е љубов ако постојано бегате од неа? Ако се плашите дека ќе бидете повредени и разочарани? Скршеното срце се лечи, но празното срце станува труло.

Почнете да се сакате себеси, секој ден малку по малку. Немате друг избор освен да се прифатите сеебси онакви какви што сте и да бидете среќни што постоите, не можете да бидете некој друг а тоа е она кое ве прави посебни и прекрасни.

Побрзајте да живеете, времето на овој свет на сите ни е ограничено. Искористете го најдобро што можете!