Категории

Заборави ги грешките, но добро запомни ги лекциите!

Заборави ги лагите, но вистината немој да ја заборавиш никогаш.

Заборави ги стравовите, заборави ги сомнежите кои ти крадат од бескрајните можности, но запомни ги лекциите на кои те научиле. Заборави ги предавствата, заборави ги разочарувањата кои го растрепериле твоето срце. Заборави ги повредите кои си ги доживеал, но добро запомни што си научил за тие луѓе.

Заборави ги и препреките кои ти ги поставиле, оние кои не ти пружиле поддршка во исполнувањето на твоите соништа. Заборави ги оние кои никогаш не ти се насмевнале и никогаш немале убав збор за тебе, но немој да заборавиш на кој начин те направиле посилен.
Заборави ги оние кои те предале и оние кои те нарекувале пријател а потоа ти го свртеле грбот кога ти биле најпотребни, но немој да ја заборавиш претпазливоста.

Заборави ги лагите, но вистината немој да ја заборавиш никогаш. Заборави ги оние кои ги исмејувале твоите соништа и цели, но немој никогаш да заборавиш како поради нив стана издржлив и упорен.

И уште едно нешто немој да заборавиш, како сето тоа те научи да се засакаш себеси и да се ставаш себеси на прво место, секогаш!

Прегледи:
388
Објавено на:
15.04.2020