Категории

Запознајте ја Винтер – делфинот кој е инспирација за многу луѓе

Пронајдена во Mosquito Lagoon, Флорида во 2005 година кога имала само два месеца, Винтер е женски делфин извлечен од мрежа за ловење  која целосно влијаела врз циркулацијата на нејзината опашка. Донесена во Clearwater Marine Aquarium (CMA) се соочува со ампутација на тешката повреда и добива нова опашка.

Со големи напори успева да се навикне на промената и учи да се движи прилагодена на новата шема на пливање. Оттогаш Винтер е главна атракција и секојднвена доза на инспирација за илјадници посетители на ова место кои со себе носат тешки животни приказни.

Многу луѓе се поистоветуваат себеси со Винтер, наоѓаат сила во нејзината приказна и стимул за да продолжат напред. Многу деца повеќе не гледаат на својот недостаток како на голем проблем и често многу од нив велат: „Ако може Винтер, можам и јас.“

Инспириран од животот на Винтер, режисерот Чалс Мартин Смит прави филмско остварување кое со вистинитоста на приказната успева да ги стопли срцата на луѓето ширум светот. Ова е Винтер, таа имала среќа да биде спасена и сега прави многу луѓе среќни со својата енергија.

 

Прегледи:
669
Категории:
Среќа на денот
Објавено на:
02.07.2018