Категории

#365среќа Се срамев од себеси, не беше лесно: Младиот Илија и неговата трансформација која имаше над 4 милиони прегледи сега со ново инспиративно видео

„Го направив ова видео со цел да инспирирам многу луѓе, кој се обидуват да си ги променaт своите животи. За моја среќа, јас го остварив тоа што го посакував, но и покрај се, во ниту еден момент не се почувствував совршен и дека сум ја завршил својата мисија“. – Вака го опишува својот пат до среќата младиот Илија, кој веќе го запознавме во интервјуто за Среќа.мк.

 

Особено сум среќен во миговите кога ги остварувам работите кои ги замислувам. Овој пат ме гледате во најдобра форма, направив две операци за висната кожа (на градите и стомакот) од причина што повторно сакав да ги преминам границите. Операциите беа тешки. Имам лузни и стрии во моментов, но не сум сигурен дека сакам да ги отстранам бидејќи тие се мој најголем потсетник за целиот труд и напор, како физички така и психички кој го вложив уште на почетокот.

За сите оние кои се запрашуваат како да се одлучат да започнат со вежбање и да уживаат во тоа, Илија вели: – „Одговорот го знаете само вие и се крие во вас. Со премногу експериментирање и упорност, по одредено време дознавате што всушност функционира кај вас.

Јас лично се обидов на многу начини и техники, а некои од нив вопшто немаа резултат, но, затоа се насочив кон една работа која секогаш функционираше – упорноста. Бидете инспирација на многу луѓе бидете трпеливи и упорни. Тоа е всушност и клучот до успехот во сите сфери на живеењето, а не само во фитнесот“.

 

За крај, Илија има уште една новост поврзана со своите „youtube“ објави. Наскоро неговиот „youtube“ канал ќе биде многу активен, со многубројни интересни проекти кои веќе се подготвуваат. Проектите се веќе во подготовка, мотивацијата и желбата да се пренесат корисни совети и навики на јавноста е голема, а кога доаѓа од некој кој ја поминал борбата со килограмите и штетните навики тогаш со сигурност треба да се погледне секое видео, за да го примените тоа и на себе.

Погледнете го ова инпиративно видео кое може да ви го промени и вам животот доколку се одлучите да ги отстраните штетните навики од вашиот живот: