Категории

Среќата ги следи оние кои одбираат да бидат среќни и кога душата им плаче

Радувајте се затоа што радоста создава чуда. Молете се во радост и несреќата ќе ве избегне. Среќата е најдобра храна за душата.

Посветете го животот на прекрасното. Бидете креативни поради креативноста, а не за да ве препознаат. Однесувајте се спрема своите блиски како спрема откровенија. Променете го минатото, така што ќе го заборавите. Донесете нешто ново на светот. Исполнете го телото со убавина. Станете енергија на љубовта, затоа што љубовта инспирира се.

Ова е можеби една од најдобрите приказни на кралот Соломон во која е собрана сета мудрост на светот.

„Кога Соломон се спуштил од планината, по изгревањето на сонцето луѓето се собрале во подножјтео:
-Вие сте инспирација за нас. Твоите зборови ги преобразуваат срцата. Вашата мудрост го просветлува умот. Ние копнемее да ве чуеме. Кажете ни: Кои сме ние?

Тој се насмевнал и им рекол:

-Вие сте светлината на светот. Вие сте ѕвездите, вие сте храм на светлината. Секој од вас е универзум. Нурнете го вашиот ум во срцето, прашајте низ преку вашата љубов. Блажени се оние кои го знаат јазикот на Бог.

-Во што е смислата на животот?

-Животот е пат, цел и награда. Животот е танц на љубовта. Вашата мисија е да процветате. Постоењето е најголемиот подарок на овој свет. Вашиот живот е историја на свемирот. И поради тоа животот е најголемата убавина над се. Однесувајте се спрема својот живот како спрема празник, затоа што тој е вреден самиот по себе. Животот се состои од сегашност. Смислата на сегашноста е да се биде во сегашноста.

-Зошто постои беда?

-Она што се сее, тоа и се бере. Несреќата е ваш избор. Сиромаштијата е создание на човекот. Горчината е плод на незнаењето. Обвинувате, губите сила, и така губите среќа. Разбудете се, затоа што сиромашен е тој што не е свесен за себе. Оној кој не го нашол кралството Божјо во себе, тој е бездомнк. Сиромашен станува оној кој губи време во празно. Не го претворајте животот во животарење. Не дозволувајте луѓето да ја уништат вашата душа.

-Како можеме да ја преболиме несреќата?

-Не се обвинувајте себеси. Затоа што сте божествени. Не се споредувајте и не се одвојувајте. Бидете благодарни на се. Радувајте се затоа што радоста создава чуда. Сакајте се себеси затоа што оној кој се сака себеси ги сака сите. Молете се во радост и несреќата ќе ве избегне. Среќата е најдобра храна за душата.

-Како да стигнеме до среќата?
Среќен е оној кој е полн со љубов, кој се заблагодарува. Среќен е оној кој е смирен. Среќен е оној кој го пронашол рајот во себе. Оној кој дава со радост и прима дарови со радост. Среќен е оној кој бара, оној кој се разбудил. Среќен е оној кој го слуша гласот Божји. Оној кој ја исполнува својата мисија. Оној кој се соочил со убавината на светот. Среќен е оној е спремен да ја прифати среќата. Оној кој се познава самиот себеси. Оној кој пронашол задоволство во себеси. Оној кој го фали животот. Среќен е оној кој е слободен. Среќен е оној кој простува.“