Категории

Животот не е за да го поминеш сонувајќи – Разбуди се, време е да живееш!

Она што си во моментов и она што можеш да станеш во иднина се две сосем различни личности и се што треба да направиш е да го срушиш ѕидот кој ги раздвојува.

Ѕидот на песимизмот и уверувањето дека се е залудно. Погледни малку над тој ѕид и ќе видиш раскош од можности за чие достигнување доволно е да собериш малку повеќе храброст.
Немој да се жалиш дека животот нема смисла и дека се е монотоно и безбојно ако претходно не си пробал да живееш, ако не си се потрудил да ја откриеш личноста која спие длабоко во тебе и не си ја запрал кои се нејзините желби и страсти.

Немој да се жалиш дека животот нема смисла ако продолжуваш да дишиш во твојата комфортна зона, затоа што ти не живееш, само преживуваш. Животот е таму надвор позади границите на комфорот и нормалното, животот е полн со единствени и неповторливи моменти, полн со авантури и радост.

Престани да го заклучуваш твоето срце во кафез и исплови на отворено море. Види што може да ти донеси. Можеби не сите нешта ќе бидат совршени за тебе, но ќе стекнеш искуство и ќе знаеш да го препознаеш она кое ти припаѓа.

Престани да сонуваш за тој живот и почни да го живееш. Ако продолжиш да сонуваш за тоа колку би бил животот поубав кога би имал храброст да го живееш на вистински начин, целиот живот ќе поминеш живеејќи без да си бил буден нити еден миг.

Прегледи:
583
Објавено на:
19.05.2020