Категории

Сите падови во минатото те направија борецот кој си денес

Си ги преживеал сите рушевини, сета штета која ти била нанесена, распаѓањето на твоите соништа и желби, си го преживеал скршеното срце – и сеуште си тука, пожив од било кога.

Секогаш сеќавај се на тоа колку многу си преживеал. Колку пати си паднал и си мислел дека нема никогаш да можеш да се исправиш, но и покрај се еве си повторно – стоиш на земјата уште поцврсто и уште посигурен во своите чекори.

Сети се на сите мигови кога светот околу тебе продолжил да се движи и кога твојот свет се срушил пред твоите нозе. И си мислел дека никогаш нема да заздравиш, никогаш ништо нема повеќе да биде исто, но и покрај се си пронашол една последна капка сила и си ја истресил земјата од своите колена и си продолжил напред.

Си ги преживеал сите рушевини, сета штета која ти била нанесена, распаѓањето на твоите соништа и желби, си го преживеал скршеното срце – и сеуште си тука, пожив од било кога.
Треба да бидеш горд на себеси, затоа што тоа не е ништо мало и безначајно.

Ти си борец, никогаш немој да го заборавиш тоа. А само големите борци зад себе имаат преживеано жестоки битки.

Прегледи:
505
Објавено на:
03.07.2020