Категории

Најубавото село во Полска целото е ишарано со цветни декорации

Овие мали слатки куќи се лоцирани во областа Даброва, во југоисточниот дел на Полска. Името на ова селце како од бајките е Залипие и се смета за една од најубавите туристички атракции на земјата.

Убавината на ова место доаѓа од уметничките дела, односно цртежите со кое е исшарано целото село. Ова го започнале мештаните уште пред стотина години и од неколку куќи, традицијата продолжила.

Неколку мештанки сакале да ги украсат своите куќи со цветни декорации, тие во тоа вложиле многу љубов и труд, а кога се вложува љубов во нештата, тие прераснуваат во нешто неверојатно. Така и ова село, сега после толку години ја одржува традицијата, цветните декорации се насекаде, на ѕидовите од куќите, на мостовите, продавниците, процорците и вратите, дури и во локалната црква.

Убавината на нештата е во нивната несовршеност, иако ова не се најталентираните цртачи, сепак љубовта која ја имаат инвестирано во нивните дела, отсликува совршеност.