Категории

Во животот најважно е да ги победиш своите стравови

Доколку дозволиш твоите стравови да управуваат со тебе и да те контролираат, никогаш нема да го живееш својот живот на вистински начин.

Страв од неуспех
Се додека се плашиме од пораз, никогаш нема да тргнеме во битка. Секогаш ќе останеме онаму каде што сме. За да успееме во било што во животот, мораме да го надвладееме стравот од неуспех затоа што тоа е единствениот пат спрема успехот.
Не плашете се да ризикувате, да згрешите, потфрлите, залутате, затоа што тоа е единствениот начин да научите нешто ново и да тргнете напред.

Страв од промена
Многу луѓе се жалат на монотонијата во нивниот живот, зборуваат дека нивното секојдневие е празно и безбојно, но кога ќе добијат шанса да направат нешто ново, никогаш не ја искористуваат.
Стравот од промена е синџир кој не држи заробени во светот кој одамна сме го надраснале, а се плашиме да зачекориме од него на било кој начин.

Страв од губење на контрола
Многу луѓе мислат дека можат и мораат да ги контролираат сите аспекти од својот живот. Поради тоа уверување живеат во постојана напнатост од превземање на сите можни акции за да ја задржат контролата врз се.
Таквиот живот се претвора во пекол, кога ќе дојдат оние бројни ситуации во животот кога сето тоа не е возможно, не постои друга опција освен да се прифатат нештата кои не можат да се променат.

Страв од страдање
Стравот од страдање е еден од најсилните стравови. Тој прави да одбиваме многу важни нешта во нашиот живот што на крајот го зголемува страдањето уште повеќе. Постои страдање кое всушност не подигнува на еден повисок степен во животот.
Доколку се плашиме од тоа, остануваме затворени во својот стар свет и никогаш не си дозволуваме себеси да направиме нешто во нашиот живот кое ќе донесе убавина и квалитет.