Категории

Писмо до сите оние кои се борат во животот

Писмо посветено до секој од вас

„Знам дека е тешко. Знам колку боли да бидеш добар со сите и да не го добиваш истото за возврат.
Но немој да губиш верба, затоа што навечер кога ќе лежеш во својот кревет и ќе размислуваш за својот живот, твојата совест ќе ти дозволи да спиеш мирно.
Можеби ова не е твојот миг, можеби ова е период од твојот живот кога си на дното, но сепак надежта постои и иднината ќе ти донесе добри вести.
Таму некаде универзумот работи на твојата среќа и ти помага да ги пребродиш сите потешкотии и го подготвува твојот пат конечно да бидеш ослободен од сета болка.

Немој да бидеш затворен и да се сокриваш од луѓето. Никогаш не знаеш кога некој од нив ќе ти ја врати надежта и вербата во добрината, не знаеш во кого ќе ја пронајдеш својата среќа.
Знам дека се плашиш да веруваш, но сеуште постои светлина и позитива.

Можеби не го знаеш тоа, но ти си еден од најсилните луѓе на светот затоа што си преживеал толку нешта и погледни сеуште дишеш и сеуште се бориш, твојата сила е неисцрпна. Само продолжи така и никогаш не се откажуваш.
Запомни дека никогаш нема да се издигнеш така што ќе срушиш некој друг.
Биди скапоцен камен од човек, биди редок и ќе ја запознаеш добрината и хуманоста.

Биди воинот во твојот живот и ќе се издигнеш победнички!“